Валверде не мрда од Реал, доби неверојатна клаузула

Федерико Валверде е играчот во кој Реал Мадрид многу верува. Токму затоа Кралскиот клуб му го продолжи договорот на Валверде до 2025 година. Освен новиот договор, младиот 21-годишен играч доби и неверојатна клаузула во која стои дека клубот кој сака да го откупи Валверде, ќе мора да плати неверојатни 750 милиони евра.

Талентираниот играч дојде во Реал во 2016 година од уругвајскиот Пењарол. Една сезона беше даден на позајмица во Депортиво, а потоа беше вратен во Мадрид.

За Реал досега има одиграно 37 средби, а постигнал два гола. Тој треба да биде наследникот на Лука Модриќ во средината на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести