Англија и Уругвај одиграа 1-1 во пријателски меч во Лондон, а двата гола паднаа во финишот. Домашните поведоа со гол на Бен Вајт, но во 94-та минута беше досуден пенал за Уругвај, кој го реализираше Федерико Валверде.
Валверде е во животна голгетерска форма. Од 6-ти март наваму, има дури седум гола на последните шест меча за Реал Мадрид и репрезентацијата.

