Валверде откри дали Меси ќе игра против Атлетик Билбао

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде вели дека е неизвесно дали Лионел Меси вечерва ќе игра на гостувањето против Атлетик Билбао. Стратегот на каталонскиот гигант вели дека Аргентинецот ќе биде в стартниот тим, само ако е 100 отсто подготвен.

„Ќе почекаме пред да го донесеме решението дали Меси ќе игра или не. Исто како за дуелот против Реал, Лео ќе биде на теренот во стартниот тим само ако е 100 отсто подготвен. Ако не може да игра, ќе мора да најдеме алтернативно решение. Повредата на Артур е голема загуба за нас, но имаме играчи како што се Алена, Видал, Кутињо. “, вели Валверде.

Барселона е лидер во Примера и има 50 бодови, пет повеќе од Барселона. Доколу каталонскиот гигант победи на тешкото гостување во Билбао, актуелниот првак ќе направи уште еден чекор кон одбрана на тронот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести