Валверде се фати за глава мислејќи дека нафрлил лошо и тогаш Каземиро направи чудо (Фото)

Реал Мадрид на чудесен начин се извлече од пораз на синоќешното гостување кај Борусија Менхенгладбах. Кралевите губеа со 0-2 до 87-мата минута, а тогаш успеаја да намалат на 1-2, додека во третата минута од судиското продолжение и изедначија, па првпат во клупската историја спречија да имаат четири порази по ред во Европа.

Голот за 1-2 го даде Карим Бензема, а асистент беше Каземиро, кој на чудесен начин ја спречи топката да излезе во гол-аут и притоа го најде патот до снаодливиот Бензема. Една интересна фотографија покажува дека Федерико Валверде по нафрлувањето, се држеше за глава, мислеше дека упатил непрецизен центаршут. Но, борбениот Каземиро не се откажа и со глава ја додаде до Бензема.

Топката за малку ќе излезеше надвор од теренот, но Бразилецот точно навреме ја удри и ја проследи во петерецот каде што Бензема подготвено ја дочека и ја смести во мрежата. Пет минути подоцна, Реал изведе слична акција која Каземиро ја круниса со гол за спас од пораз.

- Оглас -

Најнови вести