„Вампирот“ Чави потврди дека не сака играње на сонце: Мора да има исти услови на сите стадиони!

Барселона утре одд 16.15 часот го пречекува Атлетико Мадрид во дербито на шпанската Ла Лига и играњето на сонце не е добра вест за тренерот на Каталонците, Чави.

„Не сакам играње на сонце. Сонцето ја суши тревата, а на сув терен не е добро да се игра. Се губи убавината. Нема да престанам да зборувам на оваа тема, не ми е гајле што направија 200.000 мемиња за мене, секогаш ќе го кажувам истото. Треба да има исти услови на сите стадиони. Тревата секаде мора да биде влажна и добро искосена“ – рече Чави кој од сеирџиите доби прекар „Вампир“ после изјавата дека не сака сонце.

„Натпревари во голф не се одржуваат ако тревата е висока. Леброн ако се лизне, веднаш се брише паркетот. Тениските мечеви се прекинуваат ако врне. Добар терен е најважен во спортот“ – додаде Чави кој утре ќе може да смета на Педри и Де Јонг, па средниот ред добива важни опции плус.

Во шпанската лига, нормативите предвидуваат дека тревата мора да биде висока од 20 до 30 милиметри. На стадионот на Хетафе каде Барса играше минатиот викенд, тревата е 29 милиметри и ги исполнува условите.

- Оглас -

Најнови вести