Ван Дајк не мрда од Ливерпул, ќе потпише нов договор

Вирџил ван Дајк останува верен на Ливерпул. Според најавите, холандскиот репрезентативец ќе го продолжи договорот со актуелниот европски првак и ќе остане на „Енфилд Роуд“ барем до 2025 година.

Дефанзивецот дојде во Ливерпул во јануари минатата година за тогашен рекорден трансфер на одбранбен играч од 75 милиони фунти, а потписот беше на пет години. Од тој момент до сега, Ван Дајк одигра 78 меча за Ливерпул, а беше и еден од предводниците во освојување на титулата во Лигата на шампиони. Ван Дајк беше прогласен за најдобар играч во ЛШ за минатата сезона.

Холанѓанецот моментно заработува 125.000 фунти неделно, а новиот договор треба да му донесе неделна плата од 200.000 фунти.

 

- Оглас -

Најнови вести