Ван Дајк: Не му се лутиме на Куман, сонот му беше да ја води Барса

Вирџил ван Дајк ќе тргне со нов селектор, засега барем привремениот Двајт Лодевегес, во новиот циклус од Лигата на нациите. Холандија на 4 септември ја пречекува селекцијата на Полска, а Ван Дајк во пресрет на тој меч говореше во името на целиот национален состав на Лалињата околу разделбата со Роналд Куман.

„Не му се лутиме на Куман, знаеме дека сонот му беше да ја води Барселона. Секако, тажни сме што си замина бидејќи имавме добри резултати со него и можевме да оствариме многу, но нам ни останува да продолжиме понатаму и да се фокусираме на нашата цел“, истакна Ван Дајк.

Пред да го преземе кормилото на Каталонците, Куман еднаш ја одби Барселона со цел да оди на ЕП 2020 со Лалињата, меѓутоа пандемијата со корона-вирусот му го наруши планот. Европското првенство се помести за следното лето, а во меѓувреме му се отвори нова шанса на Куман да се врати на „Камп ноу“ и мораше да ја искористи.

- Оглас -

Најнови вести