Ван Дајк со гол од пенал во 93-тата минута ја приближи Холандија до ЕП 2024

Селекцијата на Холандија оствари голема победа во Атина од 1:0 против Грција во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година, со која се израмни со вечерашниот противник на табелата и се наоѓа на чекор до пласман на континенталниот собир.

И двете репрезентации имаат по 12 бода во групата Ф, но Холандија во ноември ќе игра уште два меча против Ирска и Гибралтар, додека Грција ја очекува дуел со Франција.

Херој на Лалињата е Вирџил ван Дајк, кој единствениот гол го постигна во судиското продолжение, и тоа од белата точка. Претходно во првото полувреме Холандија имаше шанса да поведе од пенал, но Вут Вергхортс не го реализира ударот од белата точка.

https://twitter.com/i/status/1714020033301471561

Словачка со минималната победа од 1:0 на гости кај Луксембург, со едната нога е на ЕП во Германија бидејќи на две кола до крајот има пет бода предност пред вечерашниот противник.

Голот за триумф на Словачка го постигна Дурис во 77-мата минута. Исланд со 4:0 го победи Лихтенштајн, но нема никакви шанси да дојде до второто место бидејќи на две кола до крајот има шест бода помалку од Словачка.

Во истата група Ј, победата на Португалија од 5:0 во Зеница против БиХ остана во сенка на нападот врз Кристијано Роналдо. Во првото полувреме навивач влета на теренот и се обиде да се пресметка со Роналдо, кој постигна два гола, но редарите успеаја да спречат поголем инцидент.

Покрај Роналдо, во листата на стрелци се запишаа и Бруно Фернандеш, Жоао Кансело и Жоао Феликс.

- Оглас -

Најнови вести