Ван Дајк: Време е да се променат работите во изборот на Златната топка

Вирџил ван Дајк имаше одлична сезона. Дефанзивецот на Ливерпул се радуваше на титула во Лигата на шампиони, а со Англија играше во финалето на Лигата на нациите, каде што загуби од Португалија. Ван Дајк нескромно очекува дека тој е еден од фаворитите за освојување на Златната топка, која најчесто се доделува на фудбалери кои играат во нападот или средниот ред.

„Време е да дојде промена во изборот за Златната топка, иако разбирам дека полесно е да се даде наградата на напаѓач бидејќи секогаш е поубаво да се гледа акција за погодок. Сепак, мене ми е чест кога луѓето зборуваат дека јас би можел да ја освојам оваа награда. Немам влијание на изборот. Мојата цел е да се фокусирам за да се подготвам за новата сезона“, рече Ван Дајк.

Последен дефанзивец кој ја освои Златната топка е Фабио Канаваро во 2006 година, кога Италија стана светски првак, а тој беше капитен на Аѕурите.

 

- Оглас -

Најнови вести