Ван дер Варт се „прешалта“ од фудбал на пикадо

Поранешниот фудбалер и холандски репрезентативец, Рафаел ван дер Варт (36), наредниот месец ќе учествува на два турнири во Данска, во пикадо!

Ван дер Варт на 4 и 5 мај во тандем со брат му Фернандо ќе игра на Отвореното првенство на Данска и на Мастерсот во таа земја и тоа ќе му бидат први настапи на еден професионален турнир во овој спорт. Некогашниот фудбалер на Ајакс, Реал Мадрид, Хамбургер, Тотенхем, Бетис, Митјиланд и Есбјерг во 2018 година одигра само три меча во Данска и се повлече.

И турнирите во пикадо на кои ќе настапи Ван дер Вар, ќе се одржат во Есбјерг, градот на Северното море во кој тој ја заврши фудбалската кариера, а и неговата актуелна девојка игра ракомет за клубот од Есбјерг.

За Ван дер Варт не е новина да игра пикадо, но досега тоа го правеше аматерски и сака да се испроба во професионалните води.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести