Манчестер јунајтед со 2:0 славеше над ПАОК во четвртото коло од Лигата на Европа за голема радост на фановите на „Олд Трафорд“. Црвените ѓаволи имаа три нерешени средби во првите три кола, а и претходно англискиот гигант немаше победа уште седум меча во европските купови.
Победата над ПАОК е прва по пауза од октомври минатата година, кога со 1:0 го победи Копенхаген. По таа победа, Манчестер одигра 10 европски средби и немаше триумф, а синоќа со добра игра во второто полувреме постигна два гола за радост над грчкиот тим.
„Одигравме многу слабо во првиот дел, но во второто полувреме се коригиравме. Адам Диј-ало одигра клучна улога. Не само што даде два гола, туку делуваше и многу добро на теренот. Пред мечот, на момците им реков дека повеќе од една година немаме победа на „Олд Трафорд“. Никој не можеше да верува дека толку долго бевме без победа и дојде време да се промени ситуацијата. Ова е важен момент за клубот, но и за мене“, рече привремениот тренер на Манчестер, Руд ван Нистелрој.
За Ван Нистелрој останува уште еден меч како предводник на Манчестер, и тоа против Лестер во Премиер лигата. Потоа тренерската палка ќе ја преземе Рубен Аморим од Спортинг Лисабон.