Ван Перси раскажа каква „воспитна“ добил од Ван Гал

Холандската фудбалска легенда, Робин Ван Перси, се потсети каква „заушка“ добил од поранешниот селектор Луј Ван Гал за време на Светското првенство во Бразил во 2014 година. За време на четвртфиналето против Коста Рика, Ван Гаал се изнервирал што Ван Перси не сакал да биде смент, и гневно го удрил зад вратот.

Ван Перси и Ван Гал после ова, работеа заедно и со Манчестер јунајтед, но и таму соработката не одеше најдобро. Подоцна сепак ги поправија односите и Ван Гал се појави на последнниот меч на Ван Перси во кариерата, кога Робин играше за Феенорд.

„Мечот со Коста Рика отиде во продолженија, имав грч и Ван Гал ми најави дека ќе ме смени. Јас одмавнував со главата, му дадов знам дека не сакам, бидејќи се ближеше изведувањето на пеналите, но последните 20 минути беа тешки за мене. Пареа излегуваше од ушите на Ван Гаал” – започна да раскажува Ван Перси.

„После крајот на средбата, се собравме и одеднаш тој ме удри зад вратот, предупредувајќи ме никогаш да не правам така повторно. Бев шокиран, но ми кажа да се сконцентрирам и да дадам гол од пенал, нешто што за среќа го сторив. Таков беше Луј понекогаш, некогаш ќе те гушка, некогаш ќе те удри” – додава напаѓачот кој сега има 36 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести