Ван Перси се врати во Феенорд како тренер на напаѓачите – Идните ученици го почестија со седмица

Робин ван Перси се врати во Феенорд и ќе биде тренер на напаѓачите на клубот, а неговите идни ученици веднаш го почестија со прекрасен подарок и 7 гола во мрежата на НАЦ Бреда.

Ван Перси го следеше дуелот од полуфиналето во Холандскиот куп на кој фудбалерите на Феенорд си поиграа со ривалот и го победија со 7:1.

Робин ќе работи со псебен акцент на формата на 19-годишниот словачки талент Роберт Боженик, кој играше како стартер против НАЦ Бреда и постигна еден гол. Стрелци беа и останатите тројца напаѓачи, Бергхујс со хет-трик, Хапс со еден погодок и резервата Нарсинг со уште еден гол.

Феенорд ќе игра во финалето на Холандскиот куп против Утрехт на 19 април од 16 часот на стадионот на ривалот за пехарот.

 

- Оглас -

Најнови вести