Ванда го провоцира Интер, во студио дојде облечена во црно-бело

Фудбалска Италија во неделата вечер беше преокупирана со големото дерби на седмото коло од Серија А помеѓу Интер и Јувентус, а иако Мауро Икарди веќе не е дел од составот на Нераѕурите, дербито не мина без негово индиректно учество.

Во емисијата „Тики-така“ на телевизијата Медијасет, меѓу гостите кои го анализираа мечот се најде сопругата на Икарди, Ванда. Прво што забележаа гледачите е дека Ванда беше облечена во клупските бои на Јувентус, и тоа се толкува како испраќање на порака до Интер.

Ванда е сопруга и агент на Икарди. Таа изјави дека на Интер му фалел играч како нејзиниот Мауро.

„Тој даде 8 гола на 11 меча против Јувентус. Мауро не го пропушти натпреварот, но Интер го пропушти Мауро. Ќе му фали на Интер и во Серија А и во Лигата на шампионите“, коментираше Ванда.

- Оглас -

Најнови вести