Ванда: ПСЖ е најлоша опција за мене, но најдобра за Икарди

Ванда Нара не чекаше многу да се отвори околу привремениот трансфер на Мауро Икарди во редовите на Пари Сен Жермен. Сопругата на Аргентинецот која исто така му е агент, посочи дека за неа преселбата во Париз била најлоша опција, но за самиот Икарди била најдобра.

Ванда и натаму тврди дека Икарди сака да игра во Серија А и смета дека наредната сезона ќе се врати таму, иако според договорот на позајмицата во ПСЖ стои опција дека францускиот првак може да го откупи ексиграчот на Интер за 70 милиони евра.

„ПСЖ беше најлошата опција за мене, но за Икарди се покажа како најдобра во последниот ден во преодниот рок. Ние и двајцата префериравме трансфер во италијански клуб, дури и постоеше интерес, но сметам дека на Мауро добро ќе му дојде оваа промена. Сепак, не верувам дека ќе остане таму, бидејќи Серија А е лига која му одговара, таму се докажа дека е врвен фудбалер“, истакна Ванда.

Бурното лето за Икарди заврши со преселбата во француската метропола, и покрај тоа што вршеше напори да се врати во составот на Интер. Кога тоа се покажа како невозможна мисија, Икарди тргна по судски пат да ја бара правдата против италијанскиот гигант. Јувентус и Наполи беа екипите кои се обидуваа да го ангажираат, но на крајот пропаднаа сите обиди на италијанскиот првак и вицепрвак.

 

- Оглас -

Најнови вести