Ванда си кажа: Мауро не оди во Монако!

По информацијата на некои италијански новинари дека Интер и Монако се договориле за трансфер на Мауро Икарди, се јави сопругата и агент на аргентинскиот напаѓач и рече дека нема ништо од премин во францускиот прволигаш.

Наводно, Интер се согласил од Монако за Икарди да добие 60 милиони плус 5 од евентуални бонуси, но пречка се самиот фудбалер и неговата сопруга, кои чекаат подобра понуда од некој италијански клуб (Наполи или Јувентус).

„Мауро нема да оди во Монако“, рече Ванда Нара.

Од Интер сакаат да го продадат Икарди во странство, но самиот играч сака да остане во Италија и неговата агентка и сопруга би разговарала само со клубови од Серија А. Екскапитенот Икарди има договор со Интер до летото 2021 година, но тренерот Антонио Конте не го сака во тимот.

- Оглас -

Најнови вести