Фудбалерот на ПСЖ, Мауро Икарди, и неговата сопруга Ванда Нара со својата јавна кавга го забавуваа светот изминатата недела, сега се во процес на смирување, а излегуваат на површина и други детали.
Икарди, кој тврдеше дека не ја познава Еугенија Чина Суарес, сепак не е толку невин. Тој ѝ испраќал пораки на Суарес во кои пишувал дека таа е жена од неговите соништа и дека веќе не ја сака Ванда, туку дека ја гледа како мајка или сестра.
Некои медиуми објавија дека пејачот Ерос Рамацоти деновиве ѝ испраќал утешителни пораки на Ванда. Италијанскиот пејач се обрати до јавноста и потврди дека со Ванда се знае десетина години, оделе да вежбаат во истиот фитнес-центар, но дека се само пријатели и пораките кои ги праќал биле за да ѝ даде поддршка и да се солидаризира со неа во овие тешки моменти. Наводно Икарди бил многу љубоморен кога дознал за пораките.
Икарди нема играно за својот тим по обелоденувањето на аферата. За него се шпекулира дека има понуда од Њукасл и дека Лионел Меси не го сака за соиграч.