Ванеса Брајант со посебна порака за својата Џиџи на училишната комеморација (Фото)

Училиштето каде што учеше Џана Брајант, ќерката на Коби Брајант, одржа комеморација на која беше повлечен кошаркарскиот дрес со бројот 2 што го носеше популарната Џиџи. Девојчето кое имаше само 13 години заедно со својот татко беше во хеликоптерот кој пред 10 дена се сруши во близина на Лос Анџелес. Во хеликоптерот беа уште седуммина, а ниту еден не ја преживеа несреќата.

„Џана ќе биде последната кошаркарка која го носеше дресот со бројот 2 во нашето училиште. Се надевам дека ќе се сетите на неа кога ќе го погледнете тој дрес и ќе ви биде инспирација“, рече директорот на училиштето.

Посебен говор одржа нејзиниот тренер Џошуа Паркс, кој знаеше дека Џиџи има неверојатен кошаркарски талент.

„Џиџи која сите ја знаеме беше еден од најголемите кошаркарски таленти кои ги имав видено во 20 години од мојата тренерска кариера. Пред еден меч на машкиот тим таа ме праша: ‘Тренеру, каде е мојот дрес?’ Знаев дека може да им помогне и нив. Толку многу беше добра. На колку само мечеви имаше трипл-дабл, дабл-дабл, даваше 20+ поени. Секогаш беше во близина каде што е топката. Летај високо Џиџи“, порача Паркс.

Една од оние кои најмногу ја чувствуваат трагедијата со заминувањето на Коби и Џиџи, секако е Ванеса Брајант. Таа остана без сопругот, но и без една од своите четири ќерки. Ванеса на својот инстаграм-профил имаше посебна порака за својата Џиџи.

„Боже колку многу ми недостигаш. Имав среќа да се будам и да го гледам твоето прекрасно лице со таа неверојатна насмевка за 13-годишно дете. Посакував така да биде до мојот последен здив. Мама те сака до месечината и назад. Бесконечност плус 1.“, напиша Ванеса на својот инстаграм-профил.

https://www.instagram.com/p/B8NVpT6ATBO/?utm_source=ig_web_copy_link

- Оглас -

Најнови вести