ВАР досуди пенал за Челзи, Хаверц го промаши, но повторно се јави ВАР системот и го повтори пеналот кој беше реализиран (Видео)

Челзи води со 2:0 против Борусија Дортмунд, резултат кој го води лондонскиот тим во следната фаза од Лигата на шампиони. Каи Хаверц ободи од пенал во 53 минута и тоа од втор обид.

Челзи доби пенал по сугестија од ВАР собата, а Хаверц реши да шутира. Првиот обид на голгетерот на Челзи беше непрецизен и заврши во стативата, но ВАР системот утврди дека некој од гостинските играчи прерано влегол во шеснаесетникот, па пеналот мораше да се повтори.

Повторно Хаверц ја превзема одговорноста, шутираше речиси идентично како првиот пат, но овојпат беше неколку сантиметри попрецизен и топката заврши во мрежата.

https://twitter.com/i/status/1633216802837635073

- Оглас -

Најнови вести