ВАР ги штити фаворитите – Рудигер срамно куртули од исклучување (Видео)

Антонио Рудигер требаше да биде исклучен со директен црвен картон за стартот со лакт во скок во финишот на мечот меѓу Германија и Швајцарија, но, за чудо, доби само жолт картон.

ВАР-системот функционираше на мечот во Келн, но судиите задолжени за проверка на спорните моменти, веројатно го исклучија во 95-тата минута.

Рудигер, по сите правила, требаше да добие црвен картон бидејќи е забрането да се удри противнички играч во скок-дуел со лакт директно во глава. Токму тоа го стори стоперот на Германија во дуелот со Нико Елведи, но се спаси од исклучување.

Според правилата за ВАР-технологијата, предвидено е ваквите моменти, кога е можен црвен картон, да се прегледуваат, но тоа не го сторија судиите во ВАР-собата, па Буке од Франција, кој беше главен арбитер на мечот, му покажа само жолт картон на Рудигер.

Погледнете го стартот на германскиот стопер.

Rudiger foul 94′ vs. Switzerland from soccer

- Оглас -

Најнови вести