ВАР постои и во ултимејт фајт, борба е поништена по гледање на снимка (Видео)

Борбата помеѓу Кајл Даукаус и Кевин Холанд во средна категорија на УФЦ настан во Лас Вегас, беше поништена со одлука на судијата, откако тој гледаше снимка од еден спорен момент.

Во четвртата минута од првата рунда, Даукаус несакајќи го удри Холанд со глава во брадата. Холанд падна, но некако продолжи да се бори и судијата не ја прекина борбата. Даукаус ја искористи предноста и ја доби борбата, но славјето му траеше кратко. Судијата гледаше снимка, и проицени дека после примениот удар со глава, Холанд не бил способен да се бори како што треба.

Интересно е што двајцата борци не се согласуваат со судиите. Даукаус рече дека ако победл Холанд, немало да биде поништена борбата, и додаде дека противникот целосно се опоравил после ударот со глава. Холанд постапи спортски и призна дека заслужил пораз, и дека ударот со глава не бил причина за поразот.

Веројатно ќе има реванш, а дотогаш ќе трае дебатата дали требаше да има поништување.

- Оглас -

Најнови вести