ВАР системот е немилосрден, го фати за влакно Арнаутовиќ во офсајд (Видео)

Марко Арнаутовиќ немаше среќа да ја затресе мрежата на Италија на регуларен начин во 65. минута и неговиот гол за предност на Австрија од 1:0 беше поништен поради офсајд.

Давид Алаба му асистираше на најдобриот австриски стрелец, Арнаутовиќ го матираше Донарума, но радоста траеше кусо.

По преглед со помош на модерната технологија беше утврдено дека напаѓачот на Австријците е во офсајд и голот беше поништен, па мечот продолжува со резултат 0:0.

https://twitter.com/TrashTalkMVP/status/1408883643716542465?s=20

- Оглас -

Најнови вести