Одбраната на Шефилд стои, Шелви си искористи (Видео)

Џонџо Шелви си постигна регуларен гол за Њукасл, но на водството од 2:0 му претходеше нова смешна ситуација во Англија со ВАР-системот.

Еден од помошниците на главниот судија Стјуарт Атвел го крена знаменцето и сигнализираше офсајд, одбраната на Шефилд јунајтед си застана, а Шелви продолжи и постигна гол.

https://www.youtube.com/watch?v=R2eypPEOcDc

Потоа се проверуваше спорниот момент со помош на ВАР-системот и се покажа дека Џонџо не е во офсајд, па испадна виновен помошниот судија.

Њукасл има предност од 2:0 по 80 минути игра на „Брамал Лејн“.

 

- Оглас -

Најнови вести