ВАР системот ќе помага и во Лигата на нации

УЕФА реши за прв пат на едно репрезентативно натпреварување во организација на европската куќа на фудбалот, да се користи ВАР системот. Тоа ќе биде на завршниот турнир на Лигата на нации, кога треба да бидат познати и првите патници на Европското првенство во 2020 година.

ВАР системот се користеше на Светското првенство во Русија и се покажа како добар коректор на судиските грешки. Затоа УЕФА се одлучи да го примени и во Лигата на нации. Завршниот турнир во Лигата на нации ќе биде во Португалија, а освен домаќинот, за трофејот ќе се борат и Холандија, Швајцарија и Англија.

Според распоредот, во полуфиналето утре први ќе играат Португалија – Швацарија, а ден подоцна за место во финалето ќе се борат и Холандија против Англија. Најдобриот на крајот ќе се радува на пласман на ЕП 2020 година.

 

- Оглас -

Најнови вести