ВАР системот покажа дека има пенал, Димитриевски мајсторски го одбрани! (видео)

Голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски одбрани пенал на Украина во 84 минута. димитриевски со пантерски скок го одбрани ударот на Малиновски.

Украина доби пенал по сигнализација од ВАР собата. Аргентинскиот судија дозволи играта да продолжи, се играа две минути плус, кога од ВАР собата му јавија дека по еден слободен удар, топката го удрила Даниел Аврамовски во раката.

Иако повеќето играчи на теренот се чудеа зошто ќе се гледа ВАР репетиција, судијата покажа пенал за Украина, кој за наша среќа го одбрани Димитриевски и резултатот остана 2:1 за Украина.

- Оглас -

Најнови вести