ВАР-судија му поништи чист гол на Олимпијакос, па му го демолираа домот (Видео)

Олимпијакос одигра само 0-0 на гостувањето кај Волос и сега ПАОК има прилика да се искачи на првото место во грчкиот шампионат, но ремито на Пирејците беше контроверзно. Олимпијакос во 17-тата минута даде гол, стрелец беше Судани, а по прегледување на снимката, погодокот беше поништен поради наводен офсајд. Каде судијата во ВАР-собата виде офсајд, останува нејасно.

Како одмазда, навивачи на Олимпијакос по мечот отишле кај судијата Ангелос Евангелу, му искршиле прозорци, а внатре во станит фрлале петарди и факли, со што е нанесена мала материјална штета.

- Оглас -

Најнови вести