ВАР-технологијата го одведе Баерн до финалето во Германскиот куп (видео)

Баерн Минхен ќе ја брани титулата во Германскиот куп по победата од 2-1 против Ајнтрахт Франкфурт во полуфиналето. Тимот на Ханси Флик имаше мала помош за пласманот во финалето, и тоа од ВАР-технологијата, која ја поправи одлуката за офсајд од страна на помошниот судија.

Левандовски во 74-тата минута реализира за 2-1, но претходно беше досудена недозволена позиција, во која се најде Дејвис при акцијата со Милер. Сепак, проверката на снимката покажа дека Канаѓанецот не бил во офсајд, па така голот на Полјакот важеше. Претходно погоди Перишиќ, додека погодокот на Да Коста во 69-тата минута ги држеше Орлите во игра.

Баерн Минхен во финалето ќе се сретне со Баер Леверкузен.

- Оглас -

Најнови вести