ВАР, црвен картон, автогол, пенал, сето ова му требаше на Реал Мадрид за триумф

Шпанскиот првак Реал Мадрид се измачи за да победи на гостувањето кај Бетис, бидејќи до конечните 3-2 дојде со еден автогол на противниците и погодок од пенал. Во двете ситуации, судијата имаше асистенција од ВАР собата, како и кога беше покажан црвен картон за тимот од Севилја.

Бетис има дадено 13 гола против Реал во ерата на Зидан и тоа е тим кој има постигнато најмногу голови против мадриѓаните со Зизу на клупата. Овојпат гостите беа поснаодливи и посреќни, па иако не блескаа и имаа црна дупка од 151 секунди во кои примија два гола, сепак се извлекоа.

Во тимот на Реал заиграа напаѓачите Јовиќ кој беше стартер и го изнуди црвениот картон, и Мајорал кој беше вклучен во акцијата кога Бартра играше со рака во својот 16-ник, па му даде шанса на Серхио Рамос да шутне пенал. Капитенот на Реал, 17-та сезона по ред дава гол во Ла Лига и има низа од 22 погодени пенали по ред. Речиси половина од тие пенали му се со „Паненка“. За Зидан, ова е 100-та лигашка победа како тренер на Реал.

- Оглас -

Најнови вести