Варан го предводеше кралскиот марш до четвртфиналето

Реал Мадрид резервира место во четврт-финалето од Купот на Кралот со убедливиот триумф на гости кај Сарагоса со 0-4. Зидан не остави ништо на случајот и со речиси комплетен состав се соочи со второлигашот, па може да се каже дека Кралевите во топ-форма ќе го пречекаат градскиот ривал Атлетико во сабота.

Варан ја започна голеадата уште во шестата минута, Васкес по половина час игра веќе зголеми на 2-0, а конечниот резултат го поставија Винисиус јуниор и Бензема во вториот дел.

Реал Сосиедад претходно со сигурни 3-1 славеше против Осасуна.

- Оглас -

Најнови вести