Варан: Играме премногу натпревари, зошто никој не го слуша нашето мислење?

Со години, фудбалерите и тренерите негодуваат поради преголемиот број натпревари во една сезона, а последен кој јавно го искажа своето мислење е дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Рафаел Варан.

Тој изјави дека е загрижен за здравјето на фудбалерите поради преголемиот број натпревари и големиот број натпреварувања.

„Веќе со години и играчите и тренерите предупредуваат дека има премногу натпревари, дека распоредот е пренатрупан и дека претставува опасност за физичкото и менталното здравје на фудбалерите. И покрај сите предупредувања, во наредната сезона препорачуваат натпреварите да траат подолго, да има поголем интензитет и помалку емоции кои играчите смеат да ги покажат на теренот. Ние само сакаме да бидеме здрави на теренот и да даваме 100 отсто за нашиот клуб и навивачите. Зошто никој не го слуша нашето мислење“, напиша Варан на социјалните мрежи.

Варан изјави дека изминатите денови, играчите и тренерите во Премиер лигата имале средба со луѓето од Фудбалската федерација на Англија поради новите правила со кои приговорите и гестикулациите кон судиите ќе се казнуваат поостро.

Медиумите во Англија објавија дека судиите во Премиер лигата добиле препораки во следната сезона да го надоместат секое задржување или крадење на времето и судиските продолженија можат да траат и до 10 минути.

„Како фудбалер се чувствувам привилегиран бидејќи секој ден ја работам работата која ја сакам, но сметам дека овие промени му штетат на фудбалот“, апелираше Варан.

- Оглас -

Најнови вести