Варан сè уште нема потпишано нов договор со Јунајтед, се подготвува ли трансфер во Саудиска Арабија?

Францускиот интернационалец Рафаел Варан сè уште нема потпишано продолжување на договорот со Манчестер јунајтед. Неговиот актуелен договор истекува летото 2025 година и ова е последната шанса за Црвените ѓаволи да заработат од неговиот трансфер.

Варан пред 2,5 години дојде на „Олд Трафорд“ од Реал Мадрид за 45 милиони евра, а според шпекулациите, Ал-Наср сериозно е заинтересиран за неговите услуги и сака повторно да го обедини тандемот со Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести