Вардар 1961 го објави составот за мечот со Мешков, повторно без Борко и Јотиќ

Ракометарите на Вардар 1961 вечерва во 18.45 часот во „Јане Сандански“ против Мешков Брест ќе го одиграат последниот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите, а официјално е објавен составот со кој Вардарци ќе истрчаат на теренот.

Тренерот Стевче Алушовски за денешниот дуел нема да смета на голманот Борко Ристовски и бекот Ловро Јотиќ, а во составот го нема и Марко Мишевски.

Вардар 1961 сака со втора домашна победа да ја заврши групната фаза. Ако верувате во Црвено-црните, тука е обложувалницата Sport Life која ви нуди примамлива квота.

Дуелот во „Јане Сандански“ ќе започне со една минута молк во чест на голманот на Порто, Алфредо Кинтана, кој почина од срцев удар. Целта на Вардар е шестото место во групата за малку полесен противник во осминафиналето.

- Оглас -

Најнови вести