Вардар 1961 нема да гостува во Норвешка, двомечот со Елверум ќе биде во Скопје

Двата натпревари помеѓу екипите на Вардар 1961 и Елверум во рамките од ЕХФ Лигата на шампионите во ракомет ќе се играат во Скопје, во салата СЦ „Јане Сандански”. Ова е официјално објавено од клубот од Скопје.

Првиот меч е закажан за 21 февруари во 16 часот, а вториот меч, што првично требаше да се игра во Норвешка, ќе се игра исто така во Скопје, на 24 февруари со почеток во 18.45 ч.

- Оглас -

Најнови вести