Вардар 1961 се загреа за Веспрем и му помогна на Загреб

Екипата на Вардар 1961 со домашна победа над Елверум од 39-30 ја заврши групната фаза од ракометната Лига на шампиони. Следен предизвик за македонскиот првак во ЛШ се пресметките со Веспрем во нокаут-фазата.

За Елверум ова беше историски меч бидејќи со победа првпат ќе се пласираа во елиминациската фаза на ЛШ, вака шанса за пласман понатаму има ППД Загреб, кој има еднаков број бодови со Елверум и еден меч помалку.

Откако Вардар на пауза замина со 17-16, Елверум одлично го почна првото полувреме и поведе со 23-20. Кога се чинеше дека гостите ја имаат контролата, Вардарци направија серија од 7-2 и повторно поведоа. Ова како да ги деморализираше Норвежаните, а Вардар продолжи со ефикасна игра и дојде до убедлива победа.

Дибиров со 7 и Оливие Њокас со 6 гола беа најефикасни во победничкиот тим. Томовски имаше 9 одбрани.

- Оглас -

Најнови вести