Вардарци за битката за титулата ќе се воигруваат на мечеви со тимови од ЛШ и ЛЕ

Фудбалерите на Вардар заминуваат во Анталија, во Турција, каде што ќе останат 20 дена и таму ќе одиграат шест контролни натпревари, од кои пет се веќе закажани, а за еден се чека официјализација.

Вардарци ќе се соберат на 9 јануари, во тренинг-кампот во Хиподром. Првиот контролен меч е на 20 јануари со Хајдук. Потоа следуваат дуели со Динамо Киев, Црвена Ѕвезда, Борац Бања Лука и Мура. Се чека само потврда на противникот за пријателскиот меч на 26 јануари.

Тренерот Александар Васоски рече дека во 2020 година ќе мора да се потврдат игрите од првиот дел и да се подобрат во секое поле.

„Посакуваме да ја заокружиме годинава со титула. Подготовките ги почнуваме на 9 јануари. Ќе тренираме во нашиот тренинг-камп во Хиподром до 14 јануари, а потоа на 15 јануари заминуваме во Анталија, каде што ќе одиграме пријателски натпревари со цел да го издигнеме нашето ниво и нашиот систем на игра. Резултатите од контролите не се во прв план. Играчкиот кадар е добро познат на јавноста, сега останува уште подобро да се воиграме и подготовени да го дочекаме пролетниот дел“, рече шефот на стручниот штаб на Вардар, Васоски.

- Оглас -

Најнови вести