Вардар бара трпение, Недановски се надева на успех против силниот Нексе

Ракометниот клуб Вардар почнува нова авантура утре, со меч во четвртфиналето во СЕХА-лигата против харватскиот Нексе.

Рекордерот според титули во СЕХА-лигата, со триумф би играл на фајналфор турнирот во Задар против најтрофејната хрватска екипа, Загреб.

„Со Нексе честопати играме и имаат одличен тим што подолго време игра заедно. Во ланската сезона двапати нè победија, па ред е да направиме пресврт и да оствариме добар резултат.

Направивме анализа, а најмногу ме загрижува што имаме помал избор за ротација. Имаме ракометари кои воопшто не добивале шанса да играат, па затоа ни треба и трепение за да може овој тим да напредува. Има многу играчи што имаат потенцијал и само им треба шанса да играат“, вели Владо Недановски, тренерот на Вардар.

Мечот се игра утре од 20.15 часот во Скопје.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести