Вардар е фаворит против ривалот од кој на последниот меч загуби со девет разлика!

Ракометниот првак Вардар од 17:30 часот ќе гостува кај Војводина во меч од второто коло во СЕХА-лигата. Црвено-црните со пораз ја започнаа новата сезона од регионалното натпреварување откако дома загубија од Нексе со 24:25. Сега играат на гости во Нови Сад и се фаворити за победа.

Вардар има 11 победи во последните 12 меча против Војводина, но токму на последниот меѓусебен дуел српскиот тим се радуваше на триумф. Тоа се случи на 27 април минатата година во Нови Сад, кога Војводина победи со убедливи 33:24. Вардарци знаат дека тој пораз треба да им биде опомена за сега да не киксираат.

„Јасно е дека мора да одиграме многу подобро отколку со Нексе. Војводина е тим кој знае да биде многу опасен посебно кога игра дома. Прибак е еден од главните играчи, а имаат и добар голман. Одиме чекор по чекор и од меч во меч треба да напредуваме“, рече тренерот на Вардар, Давид Дејвис.

- Оглас -

Најнови вести