Вардар е плиток за Рајн Некар Левен

Ракометарите на Вардар се поразени со 25:34 од Рајн Некар Леверн во првиот натпревар од баражот за пласман во групната фаза во Лигата на Европа.

„Реновираниот“ Вардар, со нова управа и доста промени во играчкиот кадар, немаше среќа во ждрепката и го доби најтешкиот можен противник, поранешниот германски шампион кој уште на првиот натпревар покажа зошто е голем фаворит во двомечот.

Вардарци добро го започнаа натпреварот, го постигнаа првиот гол на натпреварот преку Стефан Петриќ, а по пет минути игра имаа водство и од 2:1, но потоа работите во свои раце ги презедоа ракометарите на германскиот тим.

Рајн Некар Левен направи серија од 0:4 и поведе со 2:5 а предноста ја одржуваше до финишот на првиот дел кога Црвено-црните прво со серија од три гола по ред успеаја да дојдат до израмнување 12:12, за потоа во последните две минути, повторно да постигнат два гола по ред и на одмор да заминат со нерешени 14:14.

Второто полувреме започна со два гола по ред на германскиот тим, а дилемите околу победникот беа решени од 38-та до 43-та минута кога Рајн Некар Левен направи серија од 0:6 и поведе со 17:24. До крајот на натпреварот, сите обиди на вардарци да ја вратат резултатската неизвесност беа одбиени и на крајот Рајн Некар Левен славеше со високи 25:34.

Најпрецизен во редовите на Вардар беше Милан Лазаревски со шест постигнати голови, додека кај Рајн Некар Левен, Јури Кнор постигна осум гола.

Реваншот ќе се игра идната сабота.

- Оглас -

Најнови вести