Вардар е во форма, оди во Тетово да ја урне одличната традиција на Шкендија

Вардар е во топ-форма и ќе оди на победа во Тетово против големиот ривал Шкендија, во обид да се урне и една лоша традиција во Купот на Македонија, што најтрофејниот наш клуб го нема освоено од 2007 година.

Реваншот од осминафиналето ќе се игра денеска, од 13.30 часот, заедно со уште шест натпревари, а дуелот меѓу Ренова и Тиквеш е закажан за утре, во истиот термин.

Првиот меч од пресметките што популарно се нарекуваат финале пред финалето меѓу Вардар и Шкендија заврши нерешено 2:2. Двомечите меѓу овие два состави почнаа во сезоната 20012/13, кога во полуфиналето Вардар ја елиминира Шкендија. Потоа се редеа двомечи во осминафиналето во следниот циклус, па четврт-финале во 2014/15 и лани, па уште едно полуфинале во сезоната 2016/17 и на сите Шкендија беше поуспешна.

Блиску до пласман во четврт-финалето е бранителот на трофејот Академија Пандев, екипа што ќе му гостува на Осогово со предност од 3:0 од првиот меч.

Финалистот Македонија Ѓорче Петров ќе атакува на негатива од 0:1 против Брегалница на домашен терен, а вториот најтрофеен клуб според пехарите во Купот, Работнички ќе бара рехабилитација за слабите резултати во домашното првенство со победа против Пелистер за пробив во октетот што ќе бие битка за титулата. Првиот дуел заврши нерешено 1:1, а денеска Романтичарите се домаќини.

Двојки и резултати од првите натпревари: Шкендија – Вардар (2:2), Осогово – Академија Пандев (0:3), Работнички – Пелистер (1:1), Силекс – Шкупи (0:0), Струга Трим Лум – Борец (0:0), Охрид – Лабуништа (0:2), Македонија Ѓ.П. – Брегланица (0:1), Ренова – Тиквеш (2:0).

 

- Оглас -

Најнови вести