Вардар го елиминираше европскиот првак

Македонскиот ракометен првак Вардар го победи Монпелје со 33:27 во меч од последното коло на групната фаза во ракометната Лига на шампиони. Во текот на целиот меч, Вардар имаше предност и во ниту еден момент не му дозволи на актуелниот европски првак да се понадева на успех. По овој пораз, Монпелје испадна и нема да игра во осминафиналето на ЛШ.

„Црвено-црните“ започнаа фуриозно и по само неколку минути игра стигнаа до предност од 5:0, а веќе во 14 минута беше 9:2 за домаќинот во „Јане Сандански“. Предноста од седум гола беше и при 13:7, а потоа Вардар затаи во нападот, а Монпелје со серија од 4:0 стигна до 13:10 во 23 минута и Французите најавија дека нема да се предадат толку лесно. Монпелје стигна и со два негатива (14:12), а на полувреме се замина со 16:13.

Во вториот дел Монпелје продолжи да ја намалува негативата, па во 35 минута стигнаа до 17:16 и 18-17, а Вардар со серија од 3:0 повторно дојде на сигурни четири гола предност (21:17 во 40 минута). Монпелје го загуби ритамот, а Вардар на 10 минути до крајот стигна до 26:20 и рутински не дозволи изненадување, па „црвено-црните“ со победа ги поздравија навивачите во последниот меч од групната фаза.

Криштопанс со 7 голови беше најефикасен кај Вардар, а одлични беа и Караџиќ со 6 голови, Чупиќ даде пет, а Дибиров и Стоилов по 4 погодоци. Голманот Милосавлјев имаше 13 одбрани.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести