Вардар и како гостин во „Јане“ е фаворит против Елверум

Само пред три дена, Вардар и Елверум ремизираа при конечни 34:34 во пресметката од ЛШ која се одигра во Скопје, а вечерва (18:45 часот) повторно двете екипи ќе се сретнат во СЦ „Јане Сандански“. Црвено-црните овојпат се во улога на гости, по одлуката на ЕХФ двата меча да се играат во нашата метропола.

Норвежаните во првата средба се спасија од пораз буквално во последните секунди со голот на Петерсен и го запишаа своето прво реми во групната фаза. Вардарци затоа мора да се оддолжат за испуштената шанса, па повторно во улога на фаворити ќе атакуваат на втора победа во ЛШ по пауза од речиси три месеци.

Според коефициентите во Sport Life, евентуална „двојка“ на Вардар е 1.80, односно квотата за победа на тимот на Стевче Алушовски е поголема доколку ја искористите понудата во Супер типот. Победа за Елверум носи 2.50 коефициент, односно 8.50 за ново реми.

- Оглас -

Најнови вести