Вардар и Македонија извисија за настапите на меѓународната сцена

Европската ракометна федерација донесе одлука што не е во полза на актуелниот континентален шампион, тимот на Вардар. ЕХФ ги откажа сите натпревари од нокаут-фазата во Лигата на шампионите, а на најдоброрангираните четири екипи од групите А и Б им ги додели местата во завршниот турнир кој ќе се одржи во декември.

Вардар на овој начин остана без шанса да го брани европскиот трон, додека за титулата ќе се борат Кил, Барселона, Веспрем и ПСЖ. Црвено-црните во четвртфиналето требаше да се сретнат со Пик Сегед, но според одлуката, и за нив важи крај на настапот во најелитното натпреварување.

ЕХФ купот е целосно откажан по консултација со организаторите на завршниот турнир, Фуксе Берлин.

Што се однесува до македонската ракомента репрезентација, составот на Данило Брестовац нема да се појави на следното Светско првенство кое ќе се игра догодина, односно остана бeз прилика да се бори против Франција за пласман. ЕХФ ги откажа баражите, а на Мундијалот ќе се појават 14-те најдоброрангирани европски селекции, додека Македонија е 15-тата на листата.

 

- Оглас -

Најнови вести