Вардар и Пелистер рутински, Тиквеш останува максимален

Екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер забележаа нови победи во ракометната Супер лига на Македонија.

“Црвено-црните” беа убедливи против младиот состав на Мулти Есенс и победија со 33-24. Тоа за нив е шестта победа на исто толку натпревари во новата сезона.

Далеку потешко, но очекувано, победи и Еурофарм Пелистер на гостувањето кај Пролет во Скопје со 22-26. Битолчани одработија рутински, со оглед на тоа дека утре летаат за Париз, а веќе в четврток ќе играат натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ.

Изненадувањето оваа сезона е екипата на Тиквеш од Кавадарци, која го бележи најдобриот старт на една сезона во историја и има максимален скор од шест победи на шест натпревари. Кавадарчани денес беа поуспешни од Скопје со убедливи 44-32. Тие, заедно со Вардар и Алкалоид се единствените максимални екипи во ракометниот шампионат.

- Оглас -

Најнови вести