Вардар и Шкендија се чисти „кецови“, се очекува целосна доминација на домаќините

Вардар и Шкендија ја продолжуваат трката за титулата во домашното првенство, а според распоредот и противниците, денеска се очекува двата првопласирани тима да освојат по три бода во 23-тото коло од Прва лига. Лидерот Вардар го пречекува тимот на Струга Трим Лум, кој во четирите пролетни кола освои само еден бод.

Во првиот дел од сезоната, Вардар убедливо со 3:0 славеше во Скопје, но стружани се реваншираа на свој терен и победија со 2:1, што е знак дека Црвено-црните не смеат да се опуштат. Вардар сезонава дома има седум победи, три ремија и само еден пораз, а Струга на гости освои само шест бода во 10 дуели.

ШКЕНДИЈА 15 МЕЧА НЕМА ПОРАЗ ВО ДУЕЛИТЕ СО РАБОТНИЧКИ

Шкендија по вторпат за седум дена ќе игра против Работнички. Минатата недела тетовци одиграа 2:2 во Скопје, но се радуваа на пласман во полуфиналето од Купот, а сега очекуваат да ги освојат и трите бода во првенството. Неверојатно делува фактот дека Работнички како да се плаши од Шкендија, па Романтичарите дури 15 меча немаат победа против овој ривал. Последен пат Шкендија загубила од Работнички во април 2017 година (1:0), а од тој меч досега има 10 победи и пет нерешени.

Во останатите мечеви кои се играат денеска, Академија Пандев се надева дека конечно ќе ја прекине лошата низа и ќе стигне до првата пролетна победа, а противник е Ренова. Во улога на фаворити на свој терен се и Македонија Ѓорче Петров против Борец и Шкупи во дуелот со Силекс.

Ако се гледаат коефициентите во Sport Life, може да очекуваме во ова коло да има целосна доминација на домашните екипи, а гостите да не освојат ниту еден бод.

 

- Оглас -

Најнови вести