Вардар и Шкендија триумфално во градските дербија

Екипата на Вардар со головите на Цветановски и Аврамовски дојде до победа од 2-1 на гостувањето кај Шкупи. Вардар две и пол години немаше победа на лигашко гостување на „Чаир“ и попладнево го разби малерот.

Црвено-црните можеа и поубедливо да победат, не искористија неколку 100 процентни шанси, а во финишот за малку ќе беа казнети, но ги спаси голманот Гачевски со феноменална интервенција по шутот на Дембо, кога топката одеше под пречка.

Лидерот Академија Пандев се задржа на првото место, но се врати само со бод од гостувањето кај новакот Струга, додека тетовското дерби му припадна на првакот Шкендија. Гипсарите потклекнаа во финишот. Головите ги дадоа Алими во 87-мата и Ибраими од пенал во 90-тата минута.

РЕЗУЛТАТИ: Работнички – Македонија Ѓорче Петров 1-0, Ренова – Шкендија 0-2, Шкупи – Вардар 1-2, Силекс – Борец 3-0, Струга Трим и Љум – Академија Пандев 0-0.

ТАБЕЛА: А. Пандев 14, Вардар 13, Македонија ЃП 11, Шкупи и Струга по 8, Шкендија и Ренова по 7, Силекс и Работнички по 6, Борец 4.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести