Вардар има серија од 6:0 против Загреб, денеска игра за историја во СЕХА-лигата

Вардар има серија од 6:0 против Загреб и денеска ќе се обиде повторно да го надигра големиот регионален ривал за пласман на фајналфор турнирот во СЕХА-лигата.

Скопјани имаат убава серија на победи против загрепчани, а и реваншот од 20 часот на гостински терен ќе го почнат со позитива од четири голови.

Вардар победи во првото четвртфинале со 24:20 и ако успее да го елиминира Загреб, ќе биде единствениот тим што играл на сите 10 фајналфор турнири.

Македионскиот првак е и најтрофејната екипа во Регионалната лига со пет пехари, па денеска имаат убава можност да останат во трка и за шестиот трофеј.

Победникот од овој двомеч ќе игра против Мешков Брест во полуфиналето на Ф4 турнирот во Задар на 3 септември, а првиот полуфинален пар е мечот меѓу Мотор Запорожје и Веспрем што ќе се игра истиот ден.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести