Вардар ја избегна Барселона, германски Кил е голем предизвик за финале на Супер Глоуб

Вардар има убава шанса да игра финале на Супер Глоуб, а ждрепката му донесе веројатно полуфинално дерби со Кил, екипа која ќе им биде ривал на европските прваци и во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Вардар ќе почне од второто коло, а прв противник ќе им биде подобриот од квалификацискиот меч меѓу Њујорк сити и Ал Мухдар од Саудиска Арабија.

Тука не би требало да има проблеми за најсилниот тим во Европа, а потоа би требало да следи вистински ракометен шлагер во полуфиналето и меч со Кил.

Популарните „зебри“ од Германија ќе почнат со квалификациски меч против Сиднеј, а ако победат ќе се судрат со египетски Замалек. Кил е фаворит против двете екипи и ако ги победи ќе игра со Вардар за финале.

Во вториот дел од костурот Барселона е апсолутен фаворит за пласман во финалето на Супер Глоуб, а Каталонците најпрво ќе играат со Ал-Духаил и ако победат со подобриот од мечот Ал-Вахда против Таубате.

Турнирот почнува на 27. август, со финален меч во последниот ден од месецов, на 31. август.

- Оглас -

Најнови вести