Вардар ја победи Воска во Струга, и се врати во игра за баражот

Силекс ќе влезе во прва лига како најдобар тим во втората лига запад, а кратовци може да одлучат и кој ќе биде втор и ќе патува во баражот, бидејќи во последните две кила, Силекс игра и со Вардар и со Воска.

Вардар денеска како гостин ја победи Воска со 1-0, со гол на Бенјамин Демир, и дојде на само три бода негатива од директниот конкурент. Ако Вардар победи во последните две кола, а Воска освои само три бода, тогаш скопските Црвено-црни ќе разигруваат за влез во елитата.

Во источната лига, Победа го презеде првото место, откако ја победи третата Беласица во дербито,а Слога Виница освои само бод против Каменица Саса, па падна на второ место.

- Оглас -

Најнови вести