Вардар ја загуби и втората позиција: Пораз од Алкалоид за најслаб пласман во последните 18 години (Видео)

Екипата на Вардар и вторпат во Супер лигата е поразена од Алкалоид, овојпат на домашен терен со 25-21. Тоа значи дека екипата предводена од Кирил Лазаров првенството го завршува на втората позиција на табелата, со што обезбеди директен пласман во групите од Лигата на Европа. На спротивната страна, со овој пораз Вардар падна на третото место и ќе мора да игра кваификации за влез во групната фаза од второто по ранг европско ракометно натпреварување.

Пласманот на третата позиција за Вардар е најслаб пласман во првенството од 2005-тата година, кога во борбата за третото место беше поразен од Младост од Богданци со 2-1 во победи.

- Оглас -

Најнови вести