Вардар кај Рајн-Некар без Борозан, Мораеш и Горбок

Проблемите со повредите последниве два месеци го мачат ракометниот тим на Вардар, кој утре од 19 часот гостува кај Рајн-Некар Левен во Лигата на шампионите. Екипата денеска некомплетна замина за Франкфурт, но ветува максимална мотивираност.

Во досегашните меѓусебни средби на теренот во Германија, Вардар има две победи и едно реми.

„Не ја гледаме традицијата. Никогаш немавме победа против Веспрем, па и тоа се случи. Поважно е да се фокусираме на нашата игра. Секој меч е различен и треба да бидеме различно подготвени според тактиката на противникот. Имаме уште четири натпревари до крајот на групната фаза. Ќе играме максимално на секој натпревар, зашто секој меч сега е важен. Ќе видиме колку сме подготвени. Не сме во добар момент, ни треба повеќе време за тренирање зашто не сме комплетни, па треба да комбинираме со тоа што го имаме“, вели тренерот Роберто Парондо.

За Германија не отпатуваа Вуко Борозан, Рожерио Мораеш и Сергеј Горбок.

На првиот меч во Скопје одигран на шести октомври 2018, Вардар славеше со 29:27 со одлична игра во второто полувреме. Вардар е второпласиран на табелата во групата А со 13 бода, еден помалку од Рајн-Некар.

- Оглас -

Најнови вести